Дома Фудбал Англија Еве што бара Санчез за да остане во Арсенал!

Еве што бара Санчез за да остане во Арсенал!

Чилеанските медиуми пренесуваат дека Алексис Санчез е спремен да го продолжи договорот со Арсенал и да остане на „Емирати“, но само доколку раководството му исполни две желби.

Санчез има договор до 2018 година и не е тајна дека е голема желба на Пеп Гвардиола која сака ова лето да го донесе во Манчестер Сити.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Венгер се обидува со сите сили да го задржи својот најдобар фудбалер, но доколку Санчез не стави потпис на нов договор, ќе биде приморан да го продаде ова лето, бидејќи следното може да замине како слободен агент.

Медиумите во Чиле не ја исклучуваат можноста Санчез да остане во Арсенал, но само доколку раководството му ги задоволи финансиските барања и донесе квалитетни засилувања.

Имено, Венгер ќе мора да му понуди неделна плата од 300.000 фунти и да му даде ветување дека составот ќе биде значително засилен со неколку нови имиња за Арсенал да може да се бори за титули.

Останува да видиме како ќе се заврши една од најголемите трансфер „сапуници“ ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн подготвува нова понуда за Луис Диас, но размислува и за алтернативна опција

Германскиот шампион, Баерн (Минхен), продолжува да инсистира на една од своите главни цели…