Дома Топ вести Голем пресврт во трансферот на векот: Реал ја губи битката, Барса ја користи шансата!

Голем пресврт во трансферот на векот: Реал ја губи битката, Барса ја користи шансата!

Изледа дека Килијан Мбапе ќе заврши во ПСЖ, додека Марко Верати ќе си оди во Барселона.

Нова промена на трансфер пазарот наречена Килијан Мбапе. Франуските медиуми јавуваат дека Мбапе е начекор од ПСЖ. Парижаните наводно се подготвени да платат 150 милиони евра и на тој начин да го исфрлат Реал Мадрид од трката.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Покрај тоа, протекоа информаии дека претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи овие денови во својата вила во Париз ги пречекал Мбапе и неговиот татко. На тој состанок, наводно, паднал конечниот договор. Ал-Келаифи му понудул 12 милиони евра годишна плата, што е двојно повеќе од тоа што му го нуди Реал. Изгледа дека се повторува случајот Нејмар, кога се мислеше дека само формалностите се чекаат за Бразилецот да се пресели во Реал, а потоа во последен момент се вклучи Барселона и со „ненормална понуда“ го привлече на „Камп Ноу“

Реал се повлекува од трката

Според последните информации кои пристигнуваат од Шпанија и Франција, шокираниот Реал нема намера да му конкурира на ПСЖ и се повлекува од трката за младиот и перспективен француски напаѓач. Флорентино Перез му понудил на Монако нешто повеќе од стотина милиони евра надомест. Се шпекулираше дека Перез ќе оди максимално до 120 милиони евра и дека таа сума нема намера да ја пробие, а Парижаните ја подигнаа сумата на дури 150 милиони евра.

Јасно е дека парите ќе ја одиграат важната улога, но наводно решавачкиот збор го имаше таткото на Мбапе, Вилфред. Се шпекулира дека на почетокот на трансфер сагата не мислеше за тоа дека Килијан на оваа возраст ќе се пресели во Реал. Неговата идеја беше неговиот син да оди чекор по чекор и да чека за премин во клубот за кој не крие дека му е неговиот сон. Но, изгледа дека ПСЖ ќе биде точката на промена помеѓу Монако и Реал Мадрид.

Барса ја користи шансата

Каталонските медиуми тврдат дека сето ова значи дека Марко Верати е блиску до Барселона. Приказната на Верати е поврзана со Мбапе на тој начин што ПСЖ, наводно, нема да може да му исплати на Монако 150 милиони евра доколку не го продаде италијанскиот играч, кој наводно сака да се пресели во Барселона. Каталонците отидоја најдалеку во преговорите, меѓутоа, Ал-Келаифи не е џубокс и не сака да ја исполни желбата, туку ќе бара што повеќе клиенти.

Претседателот на ПСЖ бара стотина милиони евра, а почетната понуда на Барселона е околку 60 милиони евра. Каталонците се надеваат дека ќе се најдат некаде на половина пат, односно околку 80 милиони евра. Со тоа што тешко е да се очекува дека некој за Верати ќе понуди 100 милиони евра, логично е да се очекува Италијанецот да заврши на „Камп Ноу“. Но, Каталонците се претпазливи, бидејќи секогаш постои шанса во последен момент во приказната да се вмеша Перез или некој друг и да ја комплицира работата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…