Поранешниот репрезентативец на Македонија, Ванче Шиков се враќа во Првата македонска фудбалска лига и ќе игра за Борец.
Борец доживеа вистински шок со заминувањето на главниот спонзор, па затоа заминаа и неколку клучни фудбалери, а на нивно место мора да дојдат други.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шиков има 35 години меѓутоа се очекува да биде големо засилување за Борец. Претходно од велешкиот тим си заминаа стоперите Стојан Стојчевски и Никола Ристески.
Во својата кариера Шиков има големо искуство играјќи за Ксанти, Олимпијакос, Керкира, Аполон, Етникос, Волин, Австрија Виена, Нефчи, Работнички, Тобол, Академијата Пандев, последен негов клуб беше Тиквеш.
Треба да споменеме и дека долго време беше репрезентативец на Македонија. Националниот дрес Шиков го носеше 52 пати, а постигна и четири гола.