Еден од најдобрите фудбалери на светот, Лионел Меси денес стави крај на сите шпекулации за својата иднина и го продолжи договорот со Барселона.
Преговорите помеѓу Барселона и Меси траеа неколку месеци, но на крајот двете страни успеаа да најдат заеднички јазик и денес Аргентинецот стави потпис на нов договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меси се обврза на верност кон каталонскиот гигант до 2021 година, со можност истиот да биде продолжен на уште една година.
Откупната клаузула во договорот ќе изнесува 300 милиони евра, а медиумите тврдар дека Меси ќе биде најскапиот фудбалер на светот со годишна заработика од 35 милиони евра по сезона.
„Клубот е среќен што Меси го продолжи договорот бидејќи тој е најдобриот фудбалер во историјата. Целата кариера ја помина во Барселона со огромен успех и го постигна она што никој не можеше пред него“, стои во соопштението на Барселона.