Горан Пандев синоќа одигра одлична партија против Наполи и со два гола донесе победа на Џенова.
Пандев со тоа стана најдобриот стрелец во лигата од фудбалери од поранешна Југославија. Тој веќе има 97 гола во Серија А и го мина Мирко Вучиниќ, кој има постигнато 96 гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова е големо признание за нашиот капитен ако се знае дека во Серија А играле големи ѕвезди од екс-Југославија како Иличиќ, Џеко, Станковиќ, Савичевиќ…
Пандев после мечот истакна дека верува дека ќе дојде до бројаката од 100 погодоци во Серија А.
„Верувам дека ќе дојдам до границата од сто гола во Серија А, но морам да потенцирам дека за мене головите не се најважни. Екипата е на првото место и посебно е тоа важно кога победувате. Пензија? Имав тежок период да се рехабилитирам од последната повреда, но се уште се забавувам и добро сум. Ќе видиме“, изјави Пандев.