Tимот на Металург денес беше декласиран на гости против Чеховски Медведи со 40:27 во рамките од 6. коло во Европската лига.
Јасно беше дека со 11 ракометари во составот Металург тешко ќе направи нешто повеќе.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Победникот брзо решен, после почетните 3:3 Чеховски направија серија од 8:1 и водеа со 11:4. После 21 минута домаќинот направи и предност од 10 гола разлика (17:7). На полувреме се замина со резултат 22:11.
Во продолжение не видовме ништо поразлично, Чеховски немаа никакви проблеми и го приведоа мечот кон крајот. Може да се каже дека нападот на Металург за нијанса беше подобар, меѓутоа одбраната беше проблем за тимот од Автокоманда.
Најефикасни беа Поповиќ, Рниќ и Хорват со по шест гола.