Кошаркарите на Орландо стигнаа до деветта победа во НБА лигата откако во изминатата ноќ го совладаа Чикаго Булс со 123:119.
Натпревар за паметење имаше Црногорецот Никола Вучевиќ кој постигна 43 поени и 19 скока и така го сврте вниманието на американската јавност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вучевиќ е само третиот кошаркар во историјата на Орландо кој успеал во еден натпревар да има повеќе од 40 поени и 15 скока. Пред него тоа им успеало само на Шекил О’Нил и Двајт Хауард.
Коментари