Глазгов Ренџерс го забележа најтешкиот пораз во историјата, откако вечерва во рамки на квалификациите на ЛЕ, загуби од Прогрес Нидеркорн.
Шкотскиот состав имаше предност од првиот меч со 1:0, но на денешниот реванш дуел неочекувано беше поразен со 2:0. Стрелци за тимот од Луксембург беа Емануел Франсоа и Себастијан Тил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во останатите дуели Инфонет загуби на домашен терен од Хибернианс со 0:1, Викингур славеше над Трепча со високи 1:4, по продолженија славеше и ТНС против Европа која пак, заработи и два црвени картони. Санта Колома и Аашкерт ремизираа 1:1, идентично како и Ла Фиорита и Линфилд, но само без погодоци. Во дуелите порано попладнево, Балзан и Видеотон одиграа 3:3.