Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров: Порто е цела репрезентација на Португалија

Дибиров: Порто е цела репрезентација на Португалија

Утре Вардар го започнува вториот дел и од Лигата на шампионите, а прв противник е Порто.

Црвено-црните отпатуваа за Португалија на дуел со португалскиот претставник. Во тимот на Порто има дури 12 играчи од репрезентацијата на Португалија и секако станува збор за квалитетен тим.

„Го гледав Светското првенство првенство, Порто е целата репрезентација на Португалија. Против Египет беа одлични, исто игра и Порто. Опасни се од сите позиции. Очекувам еден тежок натпревар и ако сакаме да напредуваме мораме да почнеме да победуваме. После два месеци без натпревар полека влегуваме во ритам“, изјави Дибиров пред мечот.

Натпреварот помеѓу Порто и Вардар се игра утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар ги пушти во продажба билетите за враќањето во Лигата на шампионите!

Вардар по четири години повторно ќе ги пречека најдобрите европски екипи пред своите навив…