Дома Фудбал Италија Видал полуде после измената: Секогаш јас, секогаш…

Видал полуде после измената: Секогаш јас, секогаш…

Артуро Видал синоќа во дербито против Јувентус беше заменет во 72-та минута, а тоа воопшто не му се допадна на Чилеанецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Видал видно изнервиран почна да вика и негодува кога излегуваше од теренот.

„Секогаш 22, секогаш“, викаше Видал, кој го носи дресот со број 22, меѓутоа, тоа не го погоди тренерот Конте.

„Кога ги менувам играчите не обрнувам внимание на нивните реакции. Јас носам одлуки и играчите треба да ги прифатат“, изјави Конте.

Видал поради жолти картони нема да може да игра во реваншот во Торино следната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шкендија се засили со Бојан Димоски (Фото)

Македонскиот прволигаш Шкендија промовира засилување за следната сезона, а тоа е македонск…