Македонскиот напаѓач, Адис Јаховиќ е пред враќање во клубот каде што постигна најмногу голови.
Пред крајот на преодниот рок 33 годишниот голгетер изгледа ќе направи трансфер од Анталијаспор во Гозтепе, клубот во кој настапуваше од 2016 до 2018 година и каде што постигна 35 гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите Јаховиќ се договорил за соработка од година ипол. Неговиот тим е на средината од табелата меѓутоа не е далеку од опасната зона, па Јаховиќ би требало да ја подобри ефикасноста.
Треба да се спомене дека Јаховиќ е најдобар странски стрелец во историјата на Гозтепе. Доказ дека преговорите се во завршна фаза е што Јаховиќ вчера за натпреварот на Анталијаспор не беше ниту на клупата.