Нашиот репрезентативен фудбалски капитен Горан Пандев вчера на натпреварот против Кротоне постави рекорд.
Имено, тој го израмни рекордот за најмногу натпревари во историјата на Серија А на кои еден фудбалер влегол во игра од клупата за резерви.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ова за него беше вкупно 154. натпревар во кој влегува во игра од клупата, а со тоа се изедначи со Серџо Пелисие и многу веројатно дека до крајот на сезоната ќе биде апсолутен рекордер.
Пандев во Серија А е од 2003. година, а настапуваше за Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова.