Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров: Со Нексе ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил, среќни сме што сме на терен

Дибиров: Со Нексе ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил, среќни сме што сме на терен

Вардар во понеделник ќе игра против Нексе, а Тимур Дибиров порача дека очекува тежок натпревар.

Пред да ги продолжи настапите во Лигата на шампионите Вардар ќе игра со Нексе и тоа ќе биде втор натпревар за црвено-црните откао беше совладана Војводина со 25:21.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Очекувам тежок меч, сакаме да видиме до кај сме. Пред нас е еден силен противник кој со новиот тренер ќе има промени во стилот на игра. Ние ќе имаме подготвено тактика и ќе се обидеме да ги изненадиме. Нашата работа е да ја играме нашата игра и да го наметнеме својот стил за да бидеме подобри на теренот. Среќни сме што сме на терен, секој натпревар е задоволство. Со нетрпение го чекавме овој натпревар да видиме до кај сме“, изјави Дибиров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Ракометарките нема да одат на Светско првенство, Полска повторно подобра

Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да се квалификува на Светското првен…