Дома Македонски спорт Мак фудбал Најдобриот играч на ФК Борец потпиша за Работнички!

Најдобриот играч на ФК Борец потпиша за Работнички!

Почнаа заминувањата од ФК Борец и тоа со најдобриот играч на овој тим.

Хрватскиот интернационалец, Никола Прелчец потпиша за Работнички објави клубот од Дебар Маало на својот официјален сајт. Прелчец потпиша договор на 18 месеци и ќе ја засили конуренцијата во нападот на тимот предводен од Александар Влахо.

Во есенскиот дел од сезоната Прелчец постигна пет гола за Борец. За Работнички тој е седмо засилување во овој преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…