Наполи вчера се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија откако со 4:2 ја совлада Специја.
Еден од стрелците на овој натпревар беше и македонскиот фудбалер Елиф Елмас. Гатузо на овој меч му даде шанса на Елмас од првата минута, а тој му возврати на најдобар начин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голот Елмас го посвети на неговиот дедо кој почина пред неколку недели.
„Кога сакам да ја издвојам личноста која најмногу ме инспирирала се сеќавам на мојот дедо. Тажен сум што повеќе нема да те видам тука на земјата, ми недостигаат твојата мудрост, охрабрување и инспирација. Ова ти го посветувам тебе дедо, верувам дека си горд на мене. Верувам дека сега си на подобро место. Почивај во мир, дедо“, напиша Елмас на Инстаграм.
Вчерашниот гол за Елмас беше негов трет во дресот на Наполи
.