Дома Фудбал Останато „Нутелата“ била виновна зошто Касано не успеал во Реал Мадрид

„Нутелата“ била виновна зошто Касано не успеал во Реал Мадрид

Антонио Касано секогаш бил познат како лошото момче на италијанскиот фудбал.

Касано своето име го стекна во Бари, експлодираше во Рома, а во 2006 година премина во Реал Мадрид. Во Реал Мадрид сепак не се покажа премногу. Во редовите на „кралевите“ Касано одигра само 29 натпревари и постигна четири гола.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Често пати имаше проблеми со килограмите. Во Мадрид стигна со 12 килограми вишок и успеал да ги симне, за потоа поради клупскиот спонзор „Нутела“ да врати 14 килограми.

„Во Реал Мадрид едвај ги симнав килограмите. Изгубив 12 килограми, но кога дојде Фабио Капело повторно ги вратив. Нутела ни беше клупски спонзор. Ни даваа месечно пет килограми од нивните производи. Кога тој дојде постигнав два гола во два натпревари и се чувствував како крал на светот. Потоа ме извади од игра против Лион, се расправав со него и ме исфрли од тимот. За седум месеци накачив 14 килограми. Јадев Нутела директно од тегла и не ми беше гајле“, изјави Касано.

Во кариерата Касано играше уште за Сампдорија, Интер и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…