Утре Вардар го игра првиот натпревар во вториот дел од сезоната, во Скопје гостува екипата на Војводина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од денес Вардар на раполагање ќе ги има и ракометарите кои беа на СП во Египет од селекцијата на Македонија, а во наредните неколку дена треба да пристигнат Иван Чупиќ и Патрик Валчак.
„И понатаму не сме комплетни, ракометарите кои имаа обврски кон репрезентациите се надвор од тимот. Работиме со тие што се тука, квалитетно колку што дозволува кадарот. Војводина е квалитетна екипа со млади играчи кои многу трчаат, го гледав нивниот последен натпревар со Кикинада играат еден брз и модерен ракомет. Очекувам да одиграме максимално сериозно“.
„Кога играме дома без разлика дали е СЕХА или Лига на шампионите се обидуваме да ја прифатиме фаворитската улога“, изјави Алушовски.