Дома Топ вести Барди: Не размислував многу како да шутирам, голот е за моето семејство

Барди: Не размислував многу како да шутирам, голот е за моето семејство

Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди вчера го постигна својот прв гол за Леванте после шест месеци.

Барди од слободен удар со топка под живиот ѕид ја погоди мрежата на Ваљадолид. Со овој гол тој на најдобар начин се врати тимот со оглед на тоа дека два ипол месеци беше надвор од терените поради повреда.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Среќен сум што се вратив во првиот тим. Најважно е што победивме и што се пласиравме во следната фаза, ќе биде важно да останеме што е можно подолго во ова натпреварување. Скокнавме една пречка и треба да продолжиме да се бориме“.

Објасни што размислувал во таа ситуација.

„Не размислував многу како да шутирам. Видов дека има многу празен простор и брзо се одлучив да се обидам со топка по земја. Голот го посветувам на моето семејство“, изјави Барди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…