Дома Фудбал Останато Паредес: Само од Меси зависи дали ќе дојде во ПСЖ

Паредес: Само од Меси зависи дали ќе дојде во ПСЖ

ПСЖ повеќе не ги крие амбициите дека сака да го доведе Лионел Меси во своите редови.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Меси минатото лето беше пред заминување од Барселона, на крајот остана. Сепак, неговиот договор истекува на крајот од сезоната и во овој момент никој не знае дали тој ќе биде продолжен.

Лаенардо Паредес сега во интервју за „Кориере дело Спорт“ изјави дека ПСЖ има големи планови за Меси и дека се ќе зависи од одлуката на Аргентинецот.

„Се ќе зависи од одлуката на Меси, сите чекаме на тоа. Само од Меси зависи дали ќе дојде да ни се приклучи тука, ПСЖ веќе има обид да го убеди. Навистина ќе биде сон ако клубот го оствари тоа што го планира со Меси. Можам само да замислам како ќе биде секој ден да тренирам со Лео. Се надевам на позитивен исход“, изјави Паредес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…