Дома Фудбал Англија Челзи: Никогаш нема вистинско време за разделба со легенда како Френк

Челзи: Никогаш нема вистинско време за разделба со легенда како Френк

Она што се најавуваше од утрово сега има и официјална потврда – Чези му се заблагодари на Лампард.

„Ова беше тешка одлука, и Управниот одбор на клубот не ја донесе лесно. Благодарни сме му на Френк за она што го постигна во времето во кое беше главен тренер на клубот. Последните резултати не ги исполнуваа очекувањата, клубот падна на средина табелата без јасен пат за подобрување на ситуацијата. Никогаш нема добро време за разделба со легенда на клубот каква што е Френк, но по долго време размислување одлучено е дека е потребна промена“, стои во соопштението.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


За официјалниот сајт на Челзи зборуваше и Роман Абрамович.

„Навистина тешка одлука, посебно затоа што имам одлични односи Френк и неговоот семејство. Тој е човек со голем интергитет и највисока работна етика. Меѓутоа во ваква ситуација сметаме дека најдобро е да направиме промена. Во мое лично и во име на целиот клуб му се заблагодарувам на Френк и му посакувам успех во иднина. Кога и да дојде на „Стенфорд Бриџ“ секогаш ќе биде срдечно пречекан“, изјави Абрамович.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…