Дома Фудбал Куман го отпиша, а Суарез сега игра како Роналдо во Реал

Куман го отпиша, а Суарез сега игра како Роналдо во Реал

Луис Суарез продолжи со одличните настапи во неговата прва сезона во Атлетико Мадрид. Вчера Суарез постигна уште еден гол во победата против Валенсија од 3:1.

Тој беше негов 12. во 15 натпревари оваа сезона. Со ова Суарез има најдобар старт во Ла Лига уште од Кристиано Роналдо кога Португалецот постигна 13 голови во 15 натпревари.

Ќе потсетиме Суарез ја напушти Барселона откако Роналд Куман го означи како вишок и непотребен.

Суарез игра одлично и постигнува голови, додека Атлетико е лидер на табелата и има 10 бодови повеќе од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал надвор од трката за титулата во Женската Супер Лига

Арсенал претрпе пораз од Манчестер Сити и се наоѓа далеку од борбата за титулата во Женска…