Денес репрезентацијата на Македонија од 15:30 часот ќе го игра првиот натпревар од втората фаза на Светското првенство.
Противник на нашата репрезентација ќе биде селекцијата на Словенија која е изразен фаворит во овој дуел. Селекторот Брестовац добро знае против каква репрезентација играме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На овие три натпревари можеме да влеземе порастеретено затоа што целта е веќе остварена. Важна денес ќе биде дисциплината во одбраната и мораме да го одработиме она за што ќе се договориме“.
„Словенија е репрезентација од врвот на европскиот ракомет, нема што да се објаснува многу. Тие се репрезентаија која вадат најмногу средни напаѓачи од година во година. Ме плашат нивните два пикери кои се високи, ќе ни прават проблеми. Ќе ни биде тешко ако играме како против Шведска и Египет. Јас имам голема верба во моите ракометари“, изјави Брестовац.