Дома Фудбал Италија Проблеми за Пирло пред финалето во Суперкупот на Италија

Проблеми за Пирло пред финалето во Суперкупот на Италија

Tренерот на Јувентус, Андреа Пирло има потешкотии пред утрешниот натпревар против Наполи во финалето од Суперкупот на Италија.

Јувентус отпатува во „Реџо Емилија“ каде што утре ќе се сретне со Наполи. Пред овој меч тренерот Андреа Пирло има проблеми со составувањето на тимот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На теренот утре нема да може да биде Паоло Дибала кој се повреди пред десетина дена во натпреварот со Сасуоло, а од Ковид-19 не се опоравил и Матијас Де Лихт. Пирло утре нема да смета уште на: Алекс Сандро, Хуан Квардадо и Мерих Демирал. Како што може да се забележи најмногу играчи недостасуваат од одбраната.

Мечот се игра во среда со почеток од 21:00 часот, а ќе видиме кај кого ќе заврши трофејот кој во овој момент е во сопственост на Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот одобрил заминување: Чеитир клуба во битка за фудбалер на Ливерпул

По трансферите на Луис Диас и Дарвин Нуњез, Слот зелено светло даде за продажбата на уште …