Дома Фудбал Пирло по поразот во дербито: Полошо од ова не може

Пирло по поразот во дербито: Полошо од ова не може

После долги години доминација на Јувентус сезонава во Серија А гледаме една поинаква сезона, на „старата дама“ не и оди баш најдобро, а вчера актуелниот шампион беше поразен од Интер во дербито.

Јувентус изгледаше како тим без желба и мотив, ја немаше онаа препознатлива борбеност. Токму тоа беа работите кои го красеа Јувентус. Андреа Пирло главната причина за поразот ја најде во слабиот пристап.

„Од почетокот имаше погрешен пристап. Кога во вакви натпревари ви недостасува желба, тогаш станува тешко. Не излеговме на терен, бевме премногу пасивни. Со еден збор лош натпревар, полошо од ова не може“, изјави Пирло.

Јувентус веќе во среда ќе игра нов натпревар во италијанскиот Суперкуп против Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем го мерка Крупи: За напаѓачот на Борнмут се споменуваат 100 милиони фунти

Ели Жуниор Крупи се поврзува со јануарски трансфер во Тотенхем, но засега нема конкретна п…