Дома Ракомет Сестрите Шарлот и Жули ќе и судат денес на Македонија

Сестрите Шарлот и Жули ќе и судат денес на Македонија

Денес Македонија ќе игра важен натпревар на Светското првенство против домаќинот и фаворитот во нашата група, Египет.

Светската ракометна федерација ги одреди и судиите за нашиот дуел со Египет, поточно судијките. Правда на денешниот натпревар ќе ни делат сестрите Шарлот и Жули Боновентура.

Шарлот и Жули важат за најдобар женски судиски пар и од неодамна добија можност да судат и во машка конкуренција. Делегат ќе биде, Австриецот Рејзингер.

Ќе споменеме и дека Македонците Начевски и Николов денес ќе судат на мечот помеѓу Русија и Словенија.

Египет и Македонија натпреварот го играат од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Криенс Луцерн во игра за Малус, Вардар пред неизвесност на средната бековска позиција

Јака Малус се поврзува со преселба во Швајцарија, но засега нема потврда за заминување од …