Продолжуваат проблемите на Чешка со коронавирусот.
Чешка има големи проблеми пред тргнувањето на Светското првенство во Египет. Екипата требаше денес да полета за Египет, но тргнување е одложено за утре наутро затоа што се уште не е познато кои ракометари и членови на стручниот штаб ќе можат да патуваат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чесите мака мачат со коронавирусот од почетокот на овој месец. Поради тоа им беа одложени квалификационите натпревари со Фарски Острови. На последното тестирање девет играчи беа позитивни и уште шест членови на стручниот штаб.
Се уште не се знае во каков состав репрезентацијата ќе допатува во Египет и дали воопшто ќе оди, но шансите да го откаже учеството се мали.
Ќе потсетиме Американците исто така имаат големи проблеми, тие најавија дека ќе одат и со 12 играчи. Во тешка ситуација се и Зеленортските Острови со седум позитивни. Македонија е спремна и ќе чека повик до последен момент.