Дома Фудбал Италија Ибра утре ќе добие шанса за игра

Ибра утре ќе добие шанса за игра

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека утре Златан Ибрахимовиќ ќе добие шанса на натпреварот против Торино во Купот на Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан уште еднаш игра против Торино на Сан Сиро. После саботниот натпревар во лигата, сега во рамките на Купот, а се очекува двата тренери да направат одредени промени во стартните состави.

Ибра против Торино одигра неколку минути после паузата поради повреда, а се очекува и утре да добие шанса за игра.

„Ова ќе биде важен момент за Златан. Утре ќе добие шанса.“ – рече Пиоли.

Ибра пред повредата последен пат играше во ноември во победата од 3:1 над Наполи, кога постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кој е познатиот навивач кој на Светското првенство стои како статуа – зошто го нарекуваат „живата статуа“?

ЗНАМЕНИТИОТ навивач на Демократската Република Конго, наречен „жива статуа“, го направи св…