Дома Македонски спорт Се поголеми се шансите Македонија да игра на СП: Брестовац ги повика Столе, Манасков и Маркоски!

Се поголеми се шансите Македонија да игра на СП: Брестовац ги повика Столе, Манасков и Маркоски!

Шансите Македонија да игра на Светското првенство во Египет стануваат се поголеми, а дека така размислува и селекторот Брестовац потврдува неговиот последен потег.

Имено, Брестовац ги повика Стојанче Стоилов, Дејан Манасков и Никола Маркоски да се припремаат за репрезентацијата. Покрај нив повикан бил и Гоце Георгиевски, но тој нема да може да настапи поради слабата физичка подготовеност откако беше позитивен на коронавирусот, проблем направи и долгата пауза со Вардар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најголема надеж дека Македонија ќе настапи на СП е ситуацијата со репрезентацијата на Чешка. Оваа репрезентација имаше 10 позитивни случаи. Целата селекција сега е во карантин. Дека ситуацијата со Чешка е тешка потврди и директорот на репрезентацијата.

„Дека ќе останаме изолирани до СП тоа е веќе реалност. Нема да биде воопшто лесно без да тренираме. Идејата дека нема да одиме на СП сигурно е веќе во главата на ракометарите, навистина сме во лоша ситуација“, изјави Даниел Чурда.

Не се откриено кој ракометари се заразени, а јасно е дека нема да може да патуваат селекторите Филип и Кубеш тие беа позитивни за викендот. Ќе видиме дали Чешка е спремна да оди на Мундијал во ваква ситуација кога веројатно ќе треба да повикува играчи и надвор од поширокиот список со 35 ракометари.

Ние како прва резерва ја чекаме својата шанса. Ако се случи Чешка да откаже ќе влеземе во група со Шведска, Египет и Чиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…