Дома Фудбал Астон Вила со младинците ќе игра против Ливерпул?

Астон Вила со младинците ќе игра против Ливерпул?

Aстон Вила планира да игра со младинците против Ливерпул во третото коло од ФА Купот, поради значително зголемиот број заразени со коронавирусот, пренесува „Би-Би-Си“.

Во четвртокот клубот го затвори тренинг центарот поради големиот број позитивни на тестирањето за коронавирус. Вечерва тимот од Бирмингем треба да игра во третата рунда од ФА Купот. „Би-Би-Си“ пренесува дека во случај овој натпревар да се игра, Астон Вила на терен ќе ги испрати младинците.

Како што претходно беше објавено претставниците на клубот преговараат со Фудбалската асоцијаицја (ФА) и Премиер лигата. Дали натпреварот ќе се игра ќе се знае во текот на денот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓул влезе од клупата и ја реши Астон Вила – Галатасарај славеше со 1-0!

Дениз Ѓул погоди со глава во 77. минута за победа на Галатасарај. Астон Вила имаше повеќе …