Дома Фудбал Италија Се редат проблеми за Милан, повреден и Чалханоглу

Се редат проблеми за Милан, повреден и Чалханоглу

Милан во средата го доживеа првиот пораз во новата сезона во Серија А, „росонерите“ изгубија од Јувентус со 3:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така во Италија повеќе нема непоразени екипи, но и покрај поразот од „старата дама“ Милан остана лидер во Серија А затоа што градскиот ривал Интер остана без бодови на гости кај Сампдорија.

Во последно време Милан има големи проблеми со составот. Се уште ги нема Ибрахимовиќ, Бенасер, Тонали беше суспендиран за дуелот со Јувентус, Салемакерс е повреден, сега на таа листа се додаде и Чалханоглу.

Турчинот е еден од најдобрите во Милан сезонава, Серија А го избра и за играч на месецот за декември. Против Торино Милан не ќе може да смета и на Ребиќ и Круниќ кој беа позитивни пред дуелот со Јувентус и се уште се во изолација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок за Нагелсман: Заврши Мундијалот за еден од најважните фудбалери на Германија!

Германската репрезентација успешно ги заврши првите две натпревари од групната фаза на Све…