Изминатиот викенд фудбалерите на Барселона на гости кај Хуеска патуваа со автобус место со авион.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во шпанските медиумите се пишуваше за причината за ваквата одлука, а главната е економска. Имено, каталонците се решиле на ваков потег со цел да заштедат 30.000 евра.
Барселона е силно погодена со кризата која ја создаде пандемијата со коронавирусот, па изгледа во клубот веќе почнале да внимаваат на се. Клубот пресметал дека горе-долу поради протоколите со Ковид-19 патувањето со авион ќе одземе слично време како и патувањето со автобус и се одлучиле да го скратат според нив непотребниот трошок.