Дома Фудбал Во Србија е хаос околку новиот селектор, сепак нема договор – Пикси е се уште во игра!

Во Србија е хаос околку новиот селектор, сепак нема договор – Пикси е се уште во игра!

Утрово се појави вест дека се е завршено и дека Саво Милошевиќ ќе биде новиот селектор на Србија, но сега пристигнуваат поинакви информации – ништо не е завршено!

Според најновите информации Драган Стојковиќ Пикси и понатаму е прв пик за селектор и долку ја реши ситуацијата во Кина со исплатата на договорот тој ќе биде новиот селектор.

Србите немаат многу време до почетокот на квалификациите за Мундијалот во Катар и затоа ФСС ќе влезе во последна офанзива за да го реши ова прашање. Прв пик останува Пикси на кого ќе му се даде време до крајот на неделата. До тогаш тој ќе се обиде да ја реши неговата ситуација со раскинување на договорот во Кина.

Доколку до 11. јануари Пикси не даде потврден одговор тогаш федерацијата ќе бара нови решенија. Во игра се Саво Милошевиќ, Владан Милојевиќ и Славиша Стојановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев ја презеде вината по 0-3: Македонија потфрли на теренот

Љупчо Дориев ја насочи одговорноста кон фудбалерите по домашниот пораз од Словенија. Репре…