Фудбалскиот клуб Работнички го одреди терминот за стартот на зимските подготовки. Првиот собир на фудбалерите во пресрет на вториот дел од сезоната ќе биде напладне, на 8. јануари.
Првата фаза од подготовките Работнички ќе ја реализира во клупската база во Скопје, а потоа е планирано заминување на подготовки во Охрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на клубот е во завршна фаза од преговорите за именување нов шеф на стручниот штаб кој ќе добие доверба да го предводи тимот на Работнички во пролетниот дел од сезоната. Истовремено, се работи и на доведување на неколку засилувања во тимот.
По есенскиот дел од шампионатот, Работнички се наоѓа на седмата позиција на табелата во Првата лига со 24 освоени бода.
Фото: ФК Работнички