Дома Фудбал Италија Пирло: Жиру? Добро би ни дошол

Пирло: Жиру? Добро би ни дошол

Tренерот на Јувентус Андреа Пирло изјави дека неговиот тим не одиграл баш најдобро против Удинезе, но тој е задоволен од победата од 4:1.

Роналдо постигна два, а Киеза и Дибала по еден во победата во првиот натпревар во новата година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Не беше тоа најдобриот Јувентус, но овој натпревар добро ни дојде после поразот од Фиорентина. Како што одминуваше времето во натпреварот бевме подобри, на почетокот како да бевме во грч“, изјави Пирло.

Оливие Жиру се поврзува во медиумите па Пирло освен што зборуваше за натпреварот доби и прашање за тоа дали Јувентус ќе се обиде да го доведе.

„Можам да кажам само дека добро би ни дошол“, изјави Пирло и така ја остави вратата за овој трансфер отворена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Мадрид се подготвува нешто СЕНЗАЦИОНАЛНО: Алонсо ќе добие што му одговара – Лаутаро наместо Винисиус!

Во најновите шпекулации од шпанската спортска сцена, се објави информација дека Реал Мадри…