Дома Фудбал Англија Јунајтед одби двајца за Погба

Јунајтед одби двајца за Погба

Манчестер Јунајтед одби два играчи кои им ги понуди торински Јувентус во замена за Пол Погба.

Старата дама одамна посакува да го врати Погба во своите редови. Тој е една од главните мети на торинскиот клуб, а како што тврди Калчомеркато, Јувентус веќе испратиле една понуда на Олд Трафорд.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Бјанконерите за Погба понудиле двајца фудбалери. Тоа се Арон Рамзи и Даглас Коста, но Црвените ѓаволи тоа го одбиле.

Очигледно е дека во Јунајтед сметаа дека Погба вреди повеќе. Се очекува преговорите да продолжат и ќе видиме дали Французинот кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.

Погба беше член на Старата дама од 2012. до 2016. година, а потоа беше продаден на Манчестер за 105 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Енцо Фернандез сака да си замине, познато е и каде?!

Енцо Фернандез смета дека летото 2026 година е идеален момент за да го напушти Челси. Токм…