Првостепениот суд во Италија денес донесе одлука дека Милан ќе мора да му исплати сума од 5.4 милиони евра на поранешниот директор на овој клуб Звонимир Бобан.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Бобан во Милан доби отказ после расправијата која ја имаше со еден од челните луѓе на клубот, Газидис. Газдис и Бобан не се согласуваа околу трансфер политиката на клубот па затоа Хрватот доби отказ.
Потоа Бобан се реши да оди на суд каде што излезе како победник бидејќи пресудата е во негова корист.
Инаку како што е познато, Бобан е вистинска легенда на Милан и на „Сан Сиро“ помина скоро цела деценија како играч и затоа односот на клубот кон него беше и малку чуден.