Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини најави дека ако на Игор Ангеловски не му биде продолжен договорот нов селектор би можел да биде селекторот на У21, Благоја Милевски.
Ангеловски ја одведе Македонија на прво сениорско Европско првенство во историјата, договорот му завршува со крајот нао ваа 2020 година после што ќе има преговори за продолжување. Сејдини вчера во гостување на „Алсат“ телевизијата индиректно најави дека тоа би можел да биде Благоја Милевски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Прв со кој ќе разговараме ќе биде Ангеловски, а потоа ќе одиме на други опции. Се појави шпекулацијата за Просинечки, но како што кажав прво ќе седнеме со Ангеловски. Ако не со согласиме да продолжиме, не сакам да шпекулирам ама цела македонска јавност знае кој би можел да биде нов селектор“, изјави Сејдини.
Оваа изјава на Сејдини доаѓа многу брзо откако Милевски пред неколку дена во гостувањето на онлајн емисијата на ФФМ јавно кажа дека негов сон е еден ден да ја води „А“ селекцијата на Македонија.
Ќе потсетиме, Милевски е човекот кој ја одведе Македонија на Европското првенство до 21 година, а и неговиот последен циклус на квалификации со оваа генерација беше одличен.