Дома Фудбал Англија Клоп повторно зборуваше за Салах: Зошто некој би сакал да замине?

Клоп повторно зборуваше за Салах: Зошто некој би сакал да замине?

Неодамна Салах во разговор за АС даде интервју од кое многумина сфатија дека тој сака да ја напушти екипата на Ливерпул.

Тогаш Салах ги пофали Реал Мадрид и Барселона, и рече дека никогаш не се знае што носи иднината.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Повторно околу тоа зборуваше и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој новинарите константно го прашуваат за ситуацијата со Салах.

„Нормално дека секогаш можете да извлечете меѓу редови тоа што на вас ви се допаѓа. Ова е еден од најголемите клубови на светот. Го плаќаме добро. Можеби не најмногу на светот, но верувајте дека е многу добро. Исто така, имаме сензационален стадион со неверојатни навивачи.“ – рече Клоп и додаде:

„Не можете да го натерате некој да остане. Купуваме играчи, продаваме, но не разбирам зошто некој би сакал да замине од овде.“ – додаде Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …