Дома Фудбал Англија Санчез го запали Островот: Знам каде ќе играм, но не смеам да кажам!

Санчез го запали Островот: Знам каде ќе играм, но не смеам да кажам!

Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез конечно проговори за својата иднина и предизвика „земјотрес“ на Островот.

28-годишниот крилен напаѓач одби да го продолжи договорот со Арсенал кој истекува следното лето, па ова ова лето најверојатно ќе ја промени средината.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Додека Санчез е во Русија на Купот на конфедерации медиумите постојано го селат во бројни клубови, а тој самиот тврди дека веќе знае каде ќе игра следната сезона, но не смее да каже.

„Мојата иднина ќе биде позната после Купот. Јас веќе одлучив и знам каде ќе играм следната сезона, но не можам да откривам“, изјави Санчез.

Медиумите тврдат дека Чилеанецот веќе има договор со Манчестер Сити и повторно ќе соработува со Пеп Гвардиола.

Иако, Арсенал не сака да го продаде во конкурентски клуб во Премиер лигата ќе биде приморан, бидејќи ризикува следното лето да го загуби без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Земјотрес на „Енфилд“: Ливерпул заврши трансфер од 94 милиони евра

Иако навивачите на Ливерпул се надеваа дека следната сезона првиот напаѓач во нивниот тим …