Месут Озил кој е отпишан од тренерот Микел Артета во Арсенал порача дека ситуацијата со клубот и за него е фрустрирачка.
Озил уште од март нема настап за Арсенал и Артета не смета на него. Од друга страна Арсенал игра очајно и се наоѓа на 15. место на табелата, па на Островот се најавува дури и борба на „топџиите“ за опстанок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Озил одговараше на прашање на фановите на неговиот Твитер профил едно од прашањата беше поврзано за ситуацијата во Арсенал.
„Нормално дека ситуацијата е фрустрирачка за сите. Сакам да помогнам, но Артета не ми дава шанса. Во ситуација каква што сум сега можам само да гледам и да се надевам дека резултатите многу брзо ќе бидат подобри“, изјави Озил.