Дома Фудбал Останато Трансферот на Пандев од Лацио во Интер помеѓу најдобрите 25 слободни трансфери во историјата

Трансферот на Пандев од Лацио во Интер помеѓу најдобрите 25 слободни трансфери во историјата

Со доаѓањето на јануари и зимскиот преоден рок се зголемуваат шпекулациите околу фудбалерите и нивните нови дестинации. Најчесто овој период е одличен за играчите кои се без клуб.

Познатиот „GiveMeSport“ направи листа од најдобрите 25 трансфери. На листата место има и за Горан Пандев кој се пресели од Лацио во Интер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тогаш Пандев како голема желба на Мурињо дојде во Интер и тоа се покажа како полн погодок. Пандев на 19 натпревари во Серија А постигна три гола и подели шест асистенции, а стартуваше и на пет натпревари во Лигата на шампионите каде што Интер ја освои титулата победувајќи го Баерн во финалето.

На врвот на листата се најде Левандовски со трансферот од Борусија во Баерн, потоа следуваа Андреа Пирло (од Милан во Јувентус), Сол Келмбел (од Тотенхем во Арсенал), Михаел Балак (од Баерн во Челзи), Пол Погба (од Манчестер Јунајтед во Јувентус)…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Евертон го засилува тимот со еден од најталентираните млади англиски фудбалери

Талентираниот 19-годишен фудбалер на Саутхемптон, Тајлер Диблинг, ја продолжува својата ка…