Mенаџерот на Арсенал Микел Артета истакна дека атмосферата во соблекувалната на лондонскиот тим е добра колку што може да биде во ваква ситуација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Арсенал го има најлошиот почеток на сезоната уште од 1981 година. Клубот од „Емирати“ веќе претрпе осум порази во Премиер лигата и се наоѓа на 15. место на табелата.
„Атмосферата во тимот е добра колку што може да биде во ваков момент. Тешко е во соблекувалната кога губите, играчите се повредени и сакаат да направат нешто повеќе. Но, но ние сме единствени“.
„Во ваква ситуација имате два типа на луѓе – борци и жртви. Нас ни се потребни борци, а не жртви. Жртвите бараат изговори и ги обвинуваат другите за она што им се случува. Сакам да имам борци кои ќе дадат се од себе на теренот“, изјави Артета.