Дома Фудбал Англија Реакција на Ливерпул: Стигна одговорот после изјавите на Салах

Реакција на Ливерпул: Стигна одговорот после изјавите на Салах

Шампионот на Англија не сака да ја изгуби првата ѕвезда на тимот.

Англискиот шампион Ливерпул ќе се обиде да го задржи незадоволниот Салах и има намера да му ја зголеми платата која во овој момент изнесува 200.000 фунти неделно.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Се погласно се пишува дека Салах не е среќен на Ливерпул, а и самиот потврди дека бил изненаден и разочаран што тој не бил капитен против Мјитиланд кога отсуствуваше Џордан Хендерсон.

Следеше клупа на гостувањето кај Кристал Палас како догвор на Клоп кој можеби сакаше да покаже кој е главен. И покрај тоа што Салах беше на клупата во второто полувреме влезе, постигна два гола и забележа асистенција.

Покрај тоа што потврди дека бил разочаран Салах не ја отфрли и можност да се пресели во Реал Мадрид и Барселона. Поради тоа Ливерпул реагирал и веќе започнал да работи на зголемување на платата на Салах.

Договорот на Салах истекува летото 2023 година. Каков учинок имаше во претходните години најдобро зборуваат 94 гола од кога дојде од Рома во летото 2017 година во сите натпреварувања.

Оваа сезона Салах постигна 16 голови на 21 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри стана само третиот тренер кој доби отказ од Јувентус пред крајот на сезоната

Италијанскиот стручњак Масимилијано Алегри (56) е само третиот тренер кој во текот на сезо…