Пред неколку дена се појави веста дека македонскиот фудбалер Енис Барди би можел да се пресели во редовите на Њукасл во Премиер лигата уште во јануарскиот преоден рок.
Стратегот на Њукасл Стив Брус е во потрага по засилување во средниот ред и Барди е една од неговите главни желби. Според тврдењата на медиумите на Островот потезите се веќе повлечени и Њукасл ќе се обиде да го доведе Македонецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега на веста дека Њукасл го сака Барди ни пристигнува и еден вид дополнување. Шпанците објавија дека Леванте е во финансиска криза поради која ќе мора да продава. За Барди тие бараат 25 милиони евра и ако некој клуб ја понуди оваа сума изгледа нема да стојат на патот.
Поради кризата Леванте освен Барди би можел да го напушти и Хозе Кампања за кого интерес покажа тимот на Езгјан Алиоски, Лидс.