Најскапиот фудбалер на светот, Пол Погба вели дека најважна работа во фудбалот е освојувањето на трофеи, иако признава дека неговиот Манчестер Јунајтед не блескаше минатата сезона.
Екипта на Мурињо заврши на 6-то место на табелата во Премиер лигата, но освои три трофеи и избори пласман во Лигата на шампиони.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Можам да прифатам дека не игравме добро, но знам што направивме, освоивме три трофеи. Тоа е се што знам, а тоа е најважно. Можете да бидете најдобар тим на светот, да играте фантастичен фудбал и да освоите нула трофеи. И кој ќе се сеќава на тоа? Никој“, тврди Погба.
Французинот минатато лето пристигна на „Олд Трафорд“ за рекордна сума од 110 милиони евра, но вели дека не се оптеретува со тоа.
„После само една недела заборавив на сумата. Луѓето ме потсетуваат на тоа. Но, на крајот кога ќе умрете, најефитиниот и најскапиот одат во ист гроб. Не размислувам за тоа“, изјави Погба.
Paul Pogba on last season: ??? pic.twitter.com/w41UlnEkBX
— B/R Football (@brfootball) June 29, 2017