Италијанските медиуми објавија дека опоравувањето на Златан Ибрахимовиќ би можело да трае подолго од очекуваното.
Милан така остана без класичен напаѓач и „росонерите“ во јануари сигурно ќе донесат засилување во нападот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на листата на желби на Милан има неколку имиња, а најновата желба на раководството е Мемфис Депај од Лион.
Холанѓанецот има договор до крајот на сезоната и јасно е дека Лион ќе сака да го продаде во јанаури за да заработи на неговото заминување.
„Екип“ тврди дека Холанѓанецот може да си замине за „само“ 10 милиони евра, а Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Сан Сиро“.