Дома Фудбал Перез се жали: Реал Мадрид е дискриминиран!

Перез се жали: Реал Мадрид е дискриминиран!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се пожали дека неговиот клуб е дискримниран од страна на продуцентите и коментаторите во текот на преносите на натпреварите.

Перез смета дека одредени работи не се прикажуваат затоа што се работи за Реал Мадрид, а се жалеше и на објективноста на коментаторите.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Во текот на ТВ преносите често не се покажуваат одредени повторени снимки од важни моменти. Секогаш зборував дека продуцентите нас не третираат поинаку во однос на остантите тимови. Разликата сите можат да ја видат, не само со снимките туку и при коментирањето на натпреварите, тие луѓе никогаш не се на страна Реал Мадрид. Никогаш не сум се мешал во овие работи, но тоа е вистината. Реал е поинаку третиран во однос на другите тимови во лигата“, изјави Перез.

Не се чекаше долго Перез да добие и одговор од првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

„Кога во прашање се преносите. Ако мисли дека нема објективност има опција да го гледа натпреварот со коментар на луѓе од клупската телевизија. Таму сигурно се „објективни“, порача Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судската битка продолжува: ПСЖ и Мбапе се тужат заемно за над 500 милиони евра

Полемиката помеѓу Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе продолжува, при што денес двете страни п…