Дома Фудбал Англија „Зборував со Салах, знам зошто не е среќен во Ливерпул“

„Зборував со Салах, знам зошто не е среќен во Ливерпул“

Поранешниот репрезентативец на Египет Мохамед Абутрик тврди дека Салах не е среќен во Ливерпул и не исклучува негово заминување од „Енфилд“.

27 годишниот фудбалер е прв стрелец во Премиер лигата со 13 постигнати голови во исто толку натпревари.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Го побарав Салах поради неговата ситуација во Ливерпул, вознемирен е, но тоа никогаш нема да влијае на неговиот учинок на теренот. Знам зошто Мохамед не го сака Ливерпул, ми ги кажа причините поради кои не е среќен, но не можам за тоа јавно да збрувам. Една од причините е што не беше капитен против Мјитиланд. Ако Салах е играч на Реал или Барса и игра на исто ниво како во Ливерпул сигурно би ја освоил Златната топка“.

Тој смета и дека клубот размислува да го продаде Египќанецот.

„Најмногу од економски причини. Немам влијание на одлуката на Салах, тој ми е пријател и брат, но е доволно паметен да знае што е најдобро за него“, нагласи Абутрик.

Ќе потсетиме, Салах во Ливерпул дојде во 2017 година за 42 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…