Дома Фудбал Останато Вакви изјави навивачите не очекуваа: Најави ли Салах заминување од Ливерпул!?

Вакви изјави навивачите не очекуваа: Најави ли Салах заминување од Ливерпул!?

Мохамед Салах даде интервју за шпански „АС“ во кое најави дека би можел да замине од Ливерпул.

Шпанскиот новинар го праша дали би сакал да игра за Реал или Барселона. Еве што изјави египетскиот фудбалер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Тоа се гиганти. Никогаш не знаеш што иднината носи, но во овој момент сум сконцентриран на Ливерпул и сакам да освојам уште едно првенство и Лига на шампиони“, изјави Салах.

Новинарот инсистираше на прашањето дали сака да замине од Ливерпул. И тука Салах не даде негативен одговор.

„Тешко прашање. Можам да ви кажам дека се е во рацете на клубот, тие ќе одлучат“, одговори асот на Ливерпул.

Во редовите на Ливерпул Салах пристигна во 2017 година од Рома за 42 милиони евра, една година подоцна потпиша нов побогат договор кој му истекува во 2023 година.

Oваа изјава на Салах секако е изненадувачка за навивачите на Ливерпул, кога некој фудбалер не неигра нешто можно е во позадина да се случува нешто. Во продолжение од интервјуто и откри мал дел каде може да е проблемот. Египќанецот бил разочаран што не бил капитен на Ливерпул во мечот со Мјитиланд.

„Да бидам искрен бев разочаран. Мислев дека ќе бидам капитен, меѓутоа така одлучи тренерот и таа одлука ја прифатив“, заврши Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…