Тибо Куртоа одби да го продолжи договорот со Челзи. Што би можело да значи ова?
Најновата понуда за потпишување на новиот договор на Тибо Куртоа му беше испратена пред неколку дена, но тој сето тоа го одбил.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Челзи ќе мора добро да се намачи за да реши некои детали во договорот, имајќи ја големата задача да потпише нов договор со овој голман, доколку не сакаат да го загубат, бидејќи неговиот сегашен договор истекува во 2019. година.
Се верува дека 25-годишниот голман не сака да брза со потпишување на новиот договор, па со тоа нема простор за паника во редовите на Челзи. Дали се работи за некоја друга понуда или во прашање е само неговата желба да извлече повеќе пари од Челзи, знае само тој и неговиот агент.
Голманите ова лето се во центарот на вниманието, Де Геа, Донарума, Навас, Облак, сите се барани, а на оваа листа се приклучи и Куртоа.